Си личат како родени сестри: Џил Бајден и Брижит Макрон заедно во Рим - моден судир + сите зборуваат за тоа колку си личат (ФОТО)
Во пресрет на дводневниот самит на Г20 во Рим, француската претседателска двојка се сретна со американската, а по тој повод светската јавност беше сведок на модниот судир на првите дами кои се појавија во слични комбинации на облека.
По тој повод, 70-годишната Бајден, исто како и 68-годишната Макрон, се појавија во елегантна, црна комбинација. Како да се договориле, својот црн избор го истакнаа со сини детали. Џил Бајден со блескав брош го зачини светкавиот комплет со свилен, син шал, додека Брижит во морнарски дух го комплетираше својот сет со светло сина чанта со потписот на модната куќа Диор.
Сината боја ја истакнаа и со обувките, одлучувајќи се за речиси идентичен модел на салонки.
Иако за Брижит Макрон и Џил Бајден, ова не е прва средба откако тие ја извршуваат функцијата први дами на нивните земји, но јавноста на социјалните мрежи уште еднаш забележа колку тие две изгледаат како да се родени сестри.
Што мислите вие? Си личат ли?