Силен на тато, убав на мама и на бато: Филип Лазаров по вторпат стана татко

Добивај вести на Viber

Филип Лазаров по вторпат стана татко. Популарниот ракометар убавата вест ја сподели со фановите на социјалните мрежи.

- Фала ти Господе што на овој ден, на најголемиот христијански празник Велигден го збогати нашето семејство со уште еден член. Силен на тато, убав на мама и на бато. Добредојде Марко - напиша Лазаров на „Фејсбук“.

Нашиот репрезентативец со сопругата Билјана го имаат и синот Милан кој се роди во 2014 година.