Сине, посвети го кафето на тие кои ти недостигаат...Баба секое утро им прави кафе на најдрагите кои не се тука-приказна која нема да можете да ја заборавите!

Приказната за Игор Чобановиќ, кој е и автор на книгата раскази и афоризми наречена „Афоризми и други мисли“, за неговата баба и нејзиниот „златен совет“, ќе ви ги насолзи очите.

Приказната е објавена на Фејсбук, а сите што ја прочитале не можеле а да не заплачат.

Иако на почетокот мислел дека болката поради смртта на најблиските треба да се крие „длабоко во себе“, неговата баба му дала совет што го растргнале. И вам ќе ви се случи истото чувство, бидејќи никој не може да остане имун на овие мудри зборови на една стара баба.

Баба ми, ми велеше: „Кога си сам и ќе станеш сабајле, немој само за себе да си правиш кафе, синко, направи и за оние што ти недостигаат“. Посвети му го тоа кафе на некој што ти недостасува...“

Никогаш не ми беше јасно тоа, мислев дека само си ја отежнува работата со тоа, дека утринскиот ритуал само ќе го засили нејзиното недостигање, а и недостигаа многумина, од брат и сестри до внуците.

Го вари таа тоа кафе наутро, им раскажува што ѝ се случува додека не биле тука, ги прашува за нивното здравје, очите и се насмевнуваат, а веднаш потоа заплакува. На овој начин ги троши сите емоции кои и се насобрале во душата претходниот ден и изминатата полузаспана ноќ, ги споделува со шолја кафе, со фотографиите кои секогаш ѝ се при рака.

На крајот, погледнува во иконата над масата и така мачно вели: „Боже, ти благодарам што ги имав, не дозволувај да заборавам повторно да им сварам кафе наутро“. Можеби нема кој да им готви освен мене“.

- Бабо, еве почнав да ги правам тие кафиња, изјавил на крајот Чобановиќ.


FOTO: Fejsbuk screenshot citati i poezija