Синот на Брена потрошил 35 000 евра за свршеничката: Ќе ви застане здив од тоа што и го подарил на Пријовиќ
Александра Пријовиќ добила од идниот сопруг Филип Живоиновиќ автомобил вреден 35 000 евра. Се работи за „Мерцедес“ кој е во сопственост на пејачката и згодна девојка веќе две недели.
Веќе со години снаата на легендарната Лепа Брена има желба да научи да вози и да си купи автомобил, но не можела да го оствари тоа од премногу обврски. Конечно кон крајот на минатата година почнала со часови и тестови и возење поминала од прв пат. Тогаш нејзиниот дечко решил да ја награди.
Како што пренесуваат дел од српските медиуми, Живоиновиќ уште пред заминувањето во Америка, каде ја побара за жена избрал автомобил за својата идна сопруга, кој ја дочекал по доаѓањето од ветената земја. Токму со тој автомобил таа дошла на снимање во Гранд продукција.
Филип и Александра закажале свадба за 21 јуни. Пејачката не го крие воодушевувањето дека наскоро ќе застане пред олтар и се подготвува уште сега за овој важен ден, а ние со нетрпение чекаме да ја видиме венчаницата во која ќе му каже „да“ на саканиот.