Синот на Иванишевиќ страдаше во сообраќајка, има тешки повреди

Добивај вести на Viber

Синот на поранешниот тенисер Горан Иванишевиќ, Емануел Иванишевиќ (12), вчера страдаше во автомобилска несреќа во Загреб. Во автомобилот, тој бил со манекенот и музичар Влахо Арбулиќ (29). Тој за сплитска „Слободна Далмација“ изјавил дека возачот кој ги удрил поминал на црвено, а од силниот удар, автомобилот во кој бил Иванишевиќ удрил во ѕид.

Автомобилот од силниот удар удрил во ѕид (Фото: Читател на порталот „24 сата“)

„Во шок сме и фокусирани сме Емануел што поскоро да закрепне. Има повреди на главата кои се квалификувани како тешки, но лекарите се оптимистични и се надеваме на позитивен исход“, изјавил Арбулиќ. 

„Тргнав по Емануел откако му заврши тенискиот тренинг. По сударот, се отворија воздушните перничиња, а јас истиот момент скокнав накај него, го земав во раце и го изнесов надвор“, додал возачот, пријателот на Иванишевиќ. 

Вљубен во тенисот и со ист темперамент на теренот како татко му.- Емануел Иванишевиќ 

Во моментов,  во болница со Емануел е неговата мајка, Татјана Драговиќ. Горан Иванишевиќ не е во Хрватска, но е на пат накај Загреб за да биде блиску до синот.

Емануел, исто како и Горна го сака тенисот, а од татко му го наследил и темпераментот. 

„Синот е полуд од мене. Го фрла рекетот, се лути. Се прашував дали некој може да биде ист како мене, и очигледно е дека може“, изјави Иванишевиќ за синот претходно.