Сиромаштијата ги спои: Љубовната приказна на Меси и Антонела крие интересни детали

Добивај вести на Viber

Ви ја пренесуваме најубавата љубовна приказна која инспирира. Лионел Меси и неговата сопруга Антонела се заљубиле како деца кога и двајцата биле многу сиромашни.

Оваа необична љубовна приказна е проткаена со најромантичните детали. Уште како деца тие си разменувале љубовни писма и во едно од нив Антонела напишала дека еден ден ќе бидат свршени. 


 Меси бил добар пријател со братот на Антонела, а од првиот момент кога ја видел, таа веднаш му го привлекла вниманието. Фудбалерот признава дека се дружел со нејзиниот брат само за да може почесто да ја гледа Антонела, која во тоа време имала само 8 години. 

Сиромаштијата ги поврзала и тешката животна ситуација ги споила нивните патишта. Вртоглавиот успех во спортската кариера на фудбалерот започнал во 2000 година во Барселона. Во овој период Антонела и нејзиното семејство биле погодени од исклучително тешка економска криза поради големи кражби во супермаркетот на нејзините родители. 


Антонела го започнала својот живот без Меси. Таа била девојка на друго момче и поминала неколку години со него. Клучниот момент со кој Меси покажал голема почит и грижа за Антонела, се случил кога најдобриот пријател на Антонела починал во сообраќајна несреќа, што го принудило Лео веднаш да дојде во Аргентина, да ја најде својата драга и да ја поддржи. 


 Овој гест бил камен-темелник во нивната врска. Три години подоцна, Антонела се преселила во Шпанија за да живее со Меси. Тогаш сфатила дека нивната љубов е силна, па решила да се запише на колеџ во Барселона и да се пресели кај фудбалерот.

 Во нивниот роден град Росарио, уште во 2017 година, овој пар ја круниса својата љубов пред 260 гости. Двојката го прошири своето семејство со три члена. Три сина Тијаго, Матео и Чиро се најубавиот подарок на нивната љубов. 


 Сите беа изненадени од името на третиот син Чиро, но Антонела и Лео се одлучиле за ова име поради Хорас Демијан Петруси, аргентински музичар познат под прекарот Чиро, кого го обожаваат и Меси и неговата сопруга.

 Сите што ја познаваат Антонела велат дека останала скромна девојка, иако има милиони следбеници на социјалните мрежи и пари колку што сака . А Меси? Меси остана најдобриот фудбалер на светот. 

 И нивната љубовна приказна е доказ дека искрената љубов постои и дек почитувањето и разбирањето се клучни за одржување на здрава љубовна врска.


Фото: Printskrin / Instagram / antonelaroccuzzo

Извор:https://www.magazin.novosti.rs/

Можеби ќе ве интересира:

15 работи што не сте ги знаеле за Лионел Меси