Сите гледаа во Роберт де Ниро и неговата девојка: Познатиот актер (79) не ја испушта Тифани со која неодамна го доби 7-то дете
Актерот Роберт де Ниро синоќа присуствуваше на премиерата на филмот „Killers Of The Flower Moon“ на Мартин Скорсезе на Канскиот филмски фестивал. Во оваа продукција тој ја игра една од главните улоги. Тој беше во друштво на својата партнерка Тифани Чен, со која неодамна ја доби ќерката Џиа Вирџинија, која е неговото седмо дете. Тоа е прво заедничко појавување на славниот пар по веста.
На синоќешната забава во познатиот хотел Cap-Eden-Roc во Кан беа и Тифани Чан и Роберт Де Ниро.
Де Ниро на црвениот тепих на фестивалот во Кан носеше многу елегантен костум, додека неговата партнерка се појави во блескав фустан и со огромна чанта која целосно залутала во оваа модна приказна.
Дека добил седмо дете, актерот откри во неодамнешното интервју за ЕТ Канада кога зборувајќи за своите наследници, на новинарката ѝ рекол дека всушност има „седум деца“. Тој тогаш гостуваше во емисијата Гејл Кинг на CBS Mornings и изјави дека тој и неговата девојка се пресреќни поради новото засилување, пренесува „People“.
Во 2018 година, Роберт де Ниро се разведе од втората сопруга Грејс Хеитаер, со која беше во брак од 1997 година и со која ги има синот Елиот (24) и ќерката Грјес (11). Тој пред 28 години ги доби близнаците Арон и Џулијан со манекенката и актерка Туки Смит. Од бракот со Дајан Абот ги има ќерката Дрина (51) и синот Рафаел (46).
Разводот од Грејс Хајтауер беше многу бурен, а потоа следеа низа шокантни детали на суд.
„Во 2019 година актерот го следеа страшни обвинувања. Поранешниот асистент на Роберт де Ниро го тужи актерот за отштета од 12 милиони долари, обвинувајќи го за „полова дискриминација и малтретирање со години“. Греам Чејс Робинсон рече дека актерот вербално ја нападнал, со несакан физички контакт и сексуални коментари. Неговиот адвокат рече дека таквите наводи се „апсурдни“.
ФОТО: Инстаграм screenshot