Сите ја носиме оваа облека, а не знаеме дека може да предизвика стомачни проблеми: За гасовите, запекот и надуеноста не е виновна само исхраната

Добивај вести на Viber

Ако мислевте дека стомачните проблеми најчесто ги предизвикува исхраната, се излажавте, бидејќи има уште еден фактор за тоа, а се однесува на гардеробата што ја носите. Ако страдате од гасови, имате впечаток дека постојано се мачите во бањата? Можеби виновникот е исхраната, но можеби и гардеробата што ја носите. Лекар кој е експерт за запек и надуеност, д-р Меган Роси за „Експрес“ изјави дека одреден тип на облека повремено е виновник за некои стомачни проблеми.

„Во деведесетите е откриена состојба наречена синдром на тесни панталони. Ваквата облека лошо влијае на стомакот и може да ја влоши надуеноста и запекот“, откри докторката и објасни на што се однесува сето тоа.

„Доколку често одите во теретана и носите тесна облека за вежбање, но и ако цел ден сте само во хеланки дома, постои ризик да ги влошите симптомите“, вели д-р Роси.

Меѓу алиштата кои го предизвикуваат овој проблем се панталоните или тренерките кои се претесни околу половината, но и ременот кој се носи над другите парчиња облека. Покрај запек и надуеност, синдромот на тесни панталони може да предизвика и металоиди.

„Доколку сакате да избегнете надуеност и запек, не носете таква облека цел ден, телото мора да одмори“,рече докторката.

Лекарката објасни и дека откако ќе ја носите оваа облека, можете да се истуширате со топла вода или внимателно да го истегнете стомакот и грбот, што ќе го забрза исфрлањето на насобраните гасови од стомакот.


Фото: фреепик

Дури 40 отсто од луѓето страдаат од зимска депресија: Што ни се случува кога нема сонце?