Сите погледи ќе бидат вперени во вас: Познатите убавици одамна се вљубија во розовите капути, сега вие сте на ред

Добивај вести на Viber

Кралицата Летиција вчера ја воодушеви модната јавноста со капут во фуксија боја, но далеку од тоа дека е прва позната трендсетерка која сме ја виделе во есенска облека со волку впечатлива боја...

Изминатите неколку сезони, розовите капути се парче со кое е невозможно да останете незабележани и без сомнеж секоја комбинација ја претвараат во нежна модна бајка.

Иако со есента се поврзуваат земјените тонови, розовите мантили, капути, па дури и бунди се одличен начин да ја разбиете монотонијата, да го привлечете вниманието кон себе и да внесете малку боја во сивите секојдневнија на дожделивите денови.

На прв поглед ваквата облека делува како нешто што е тешко да се искомбинира, но тоа всушност не е така - одлично изгледа и со едноставен „аутфит“, а немојте да се срамите со оваа боја да носите различни принтови, текстури, комбинации.

Розовиот капут или мантил ви овозможува да носите и класични комбинации, а во продолжение погледнете како го комбинираат ова модно парче познатите дами: