Сите родени во СФРЈ имаат ваква лузна: Од што настанува?
Дали и вие имате ваква лузна од вакцина? Дали знаете од каде имате на рамото лузна, која ја имаат сите родени во СФРЈ?
Ова прашање со денови ја интригира јавноста, со оглед на тоа дека младите генерации немаат ваква лузна.
БСЖ вакцината е крајно безбедна вакцина, а се применува во најраниот период од животот, како новороденчиња, бидејќи ефикасно го намалува ефектот од појавата на најтешкиот облик на туберколоза.
Лузната по примената БСЖ вакцина се формира по два месеци од вакцинацијата, а често постојат шеги на местка на луѓето од Балканот- како би ги препознале? Па по лузната од БСЖ вакцина.
Првата вакцина која новороденчето ја добива во првите 24-48 часа од животот е вакцината против тубеколоза- БСЖ и се аплицира интермускулно на горната третина од левата надлактица.
На местото на вакцинацијата за околу 2-3 месеци се формира црвенкасто безболно меурче, кое кај некои деца (10%) поминува низ период на гноење и во наредните 1-2 месеци се формира лузна.
Кај поголемиот број на деца настанувањето на малата лузна на местото на вакцинацијата поминува скоро незабележително. Постоењето на лизна се контролира 4-6 месеци по вакцинацијата. Формирањето на лузна изостанува кај помалку од 10% од децата.
А што се случува кога нема да се добие ваква лузна?
Спрема зборовите на одредени лекари, децата кои немаат лузна треба повторно да се вакцинираат, до навршувањето на првата година од животот.
Меѓутоа кај децата постари од 12 месеци кои немаат лузна од вакцината не се препорачува, бидејќи нема валидни докази дека со тоа се постигнува посакуваниот едект, односно дека користи во смисла на заштита.
Исто така, кога се зборува за вакцинација на деца помалу од 12 месеци, доказите за успехот на повторноро вакцинирање се се уште ограничени.
Извор:ddl.rs
Фото: Shutterstock