„СИТЕ СМЕ ЈАНА“: Протест во Битола по смртта на девојчето, болницата ја очекува Комисијата од МЗ

Клиничката болница Битола секој момент очекува да стигне Комисијата од Министерството за здравство, откако беше направен увид и од страна на инспекторите од Државниот санитарен и здравствен инспекторат од каде што информираа дека нема грешки во лекувањето. Директорот на оваа здравствена установа, д-р Александар Обедниковски за Фактор потврди дека можно е денеска да пристигне Комисијата која што ја формираше министерот за здравство, Фатмир Меџити, која има за цел да направи дополнителен увид, сосема независно од инспекцијата на ДСЗИ.

-Во однос на причините за смртта на девојчето нема ништо официјално се додека не се добијат резултатите од обдукцијата. А тоа ќе потрае бидејќи самата процедура, самите испитувања не може побрзо да се завршат. Законски е 21 ден, потоа треба да располагаме со официјални податоци, вели директорот Обедниковски.

Во меѓувреме, во Битола се организира протест за смртта на шестгодишната Јана, со цел да се укаже на состојбите во македонското здравство, вината да не се насочува кон родителите, туку одговорноста да се бара на вистинското место.


Деталите погледнете ги на Фактор тука.