Сите спијат, јас во теретана: Тајните на Викторија Бекам

Добивај вести на Viber

Сопругата на Дејвид Бекам знае дека за убавина треба да се жртвувате, па затоа не и е тешко да стане во раните утрински часови за да остане во врвна форма.

До девет часот, поранешната ќленка на „Спајс грлс“, покрај обврските со децата, пред да замине во канцеларија, успева да направи два тренинга.

За „Сандеј тајмс", Викторија открила како изгледа нејзиното утро.

„Секој ден станувам во 6 часот и еден час пред да се разбудат децата вежбам во теретана. Кога ќе се разбудат, имаме појадок, а потоа со Дејвид ги носиме на училиште ", вели Викторија, која пред да оди на работа, вежба уште еден час во теретана.

„Да, јас сум многу дисциплинирана, морам да бидам", вели г-ѓа Бекам, која истакнува дека нејзиното време во теретана е многу важно бидејќи е време што таа го има само за себе во текот на денот.

„Таму имам мир, никој не доаѓа со лаптоп", додава Викторија.