Сите зборуваат за свадбената торта на Петар Грашо и Хана Хуљиќ! Младенците на удар од критики - сигурно се шегувате (ФОТО)
Пејачот Петар Грашо и неговата 14-години помлада избраничка Хана Хуљиќ се заколнаа
на вечна љубов во црквата Свети Доминик во Сплит.
По црковната венчавка, во локалниот ресторан била организирана свадбена веселба, каде се било подготвено според желбите и афинитетите на младенците.
На свечената венчавка присуствуваа само најблиските членови на семејството, меѓу кои беа нивните родители - Вјекослава и Тончи Хуљиќ и Зоран и Сњежана Грашо. Сестрата на Петар, Буга со семејството, братот на Хана, Иван, мајката и сестрите Вјекослава Хуљиќ и кумовите од свадбата.
Обожавателите будно го следеа секој чекор на младенците кои не симнуваа насмевка од нивните лица. А од будното око на обожавателите не можеше да се пропушти и свадбената торта, која според мислењето на многумина е сосема обична, без никакви детали, а и тешко може да се заклучи дека всушност се работи за свадбена торта.
И додека некои младенци нарачуваат торта на три, пет и седум ката, двајцата се одлучиле за поскромна варијанта, и имале сосема обична торта, што според фановите е целосно промашување.
„Чекај, ова е свадбена торта? Не, не, некој сигурно се шегува“, напишал еден од корисниците на Инстаграм.
Инаку, Хана носешебела венчаница на која имаше рози, додека Грашо носеше елегантен црн костум. И додека сè зрачеше со елеганција, тортата, на изненадување на многумина, беше прилично едноставна.