Скандалозно или моќно: Ким Кардашијан со изгледот на Мет Гала и забавата потоа ги помести сите граници на модата!
Се одржа Мет Гала 2021, еден од
најпрестижните модни настани
Ким Кардашијан сериозно го сфаќа својот изглед на црвениот тепих! Мет Гала е настан кој бара сериозен моден изглед, а последниве години старлетата води на тоа поле.
Оваа година таа отиде чекор подалеку.
Имено, таа се појави во црн фустан на модната куќа Баленсијага, додека на главата носеше маска која го покриваше целото нејзино лице.
Фустанот ги истакна линиите на нејзиното тело, а маската ги откри контурите на нејзиното лице, но ништо друго не можеше да ѝ се види.
Само долга црна коса излегуваше под маската што ѝ го покриваше лицето, вратот, рамената, деколтето...
Со ова, Ким Кардашијан доби нешто што таа го немаше долго време - анонимност. Ако нејзината силуета не беше добро позната низ целиот свет, никој не би ни знаел дека тоа е Ким Кардашијан.
За да излезе на црвениот тепих, Ким ја предводеа четири лица што и го покажуваа патот, бидејќи не гледаше ништо.
Додека модните експерти со воодушевување аплаудираа на нејзиниот изглед, велејќи дека ова е толку иновативно, свежо и модерно, од друга страна, коментарите на публиката беа поделени. Некои рекоа дека нејзиниот изглед е скандалозен, дека сето тоа изгледа болно, дека личи на бурка, и така натаму.
Како и секоја година, така и годинава по завршувањето на престижниот Мет Гала настан имаше афтерпарти, на кое присуствуваа голем број на ѕвезди, но и овде како и на црвениот тепих, некако сите погледи беа свртени кон Ким Кардашијан.
Овојпат, 40-годишната дама ја симна од глава маската која ѝ го покриваше целото лице, но стави маска на очите, маска со која таа потсетува на суперхеројот Catwoman (Жена Мачка).
А, нејзиното тело повторно беше цело покриено, од вратот до стапалата таа носеше црно, припиено за нејзиното тело и здолниште со длабок шлиц.
Што мислите Вие за оваа издание на Кардашијан?
Фото: Profimedia