Моден фокус // Трендови
Скандалозно издание на Џенифер Лопез: Латино дивата направи модна катастрофа
Во Њујорк се одржа премиерата на филмот „Halftime“, а на црвениот тепих се појавија голем број јавни личности. Сепак, целото внимание го украде Џенифер Лопез, а причината не е за пофалба.
Имено, целиот свет зборува за стајлингот на латино дивата. И обожавателите и модните критичари се согласуваат дека овој пат ја премина границата на добриот вкус.
Фустанот со шлиц повеќе откриваше отколку што покриваше, а многумина се согласија дека иако е згодна, овој модел не ѝ одговара на нејзините години.
И покрај негативните коментари, пејачката и актерка не симна насмевка од лицето.
Дали се согласувате со модните критичари? Дали латино дивата ја премина границата на добриот вкус?
Foto: Screenshot Instagram