Скап, пастелен и одговара на секоја комбинација: Јелена Ѓоковиќ и Бела Хадид имаат ист шанел ранец-да видите колку чини!
Насловно фото: ЕПА
Ранецот Шанел на Јелена Ѓоковиќ вреди — 5000 евра!
Не секоја жена може да си дозволи да носи Шанел, но оние кои можат треба да знаат како да гo носат! Шанел чевлите ги обожаваат многу познати дами, на чело со Меган Маркл, толку пати можевме да ја видиме Пенелопе Круз во креации на Шанел, а нивните додатоци се толку моќни што можат да го подобрат и наједноставниот стајлинг.
Меѓу обожавателите на Шанел секако е и Јелена Ѓоковиќ, која со своите деца пред неколку дена пристигна во Лондон за да му даде поддршка на сопругот Новак Ѓоковиќ на турнирот во Вимблдон.
Добро е познато дека Јелена е најсилниот поддржувач на Ноле, а сега е фотографирана во Лондон додека нејзиниот сопруг одел на тренинг.
Јелена носеше лежерен стајлинг: лесни фармерки, обична бела маичка, но посебно внимание привлече нејзиниот ранец. Станува збор за ранец со потпис, секако, на брендот Шанел, за кој издвоила над 5.000 евра.
Ѓоковиќ не е единствената кој го има овој ранец, а го обожава и една од најпопуларните модели Бела Хадид!
Пастелната нијанса на сино, класичниот дизајн на Шанел и препознатливото лого и моќта што ја емитува го прават овој ранец да одговара на секоја модна комбинација!