Скромна прослава на годишнината: Вилијам и Кејт се осум години во брак
Принцот Вилијам и Кејт Мидлтон вчера ја прославија осумгодишнината од бракот. Принцот и војвотката од Кембриџ се венчаа на 29 април во 2011 година, а настанот во живо на Тв каналите и на интернет го следеше целиот свет.
Кејт и Вилијам се венчаа во Вестминстерската опатија, а на свадбата имаше дури 1900 гости. Меѓу познатите личности кои се веселеа на венчавката беа Дејвид и Викторија Бекам, Елтон Џон и други претставници на кралски семејства од целиот свет.
Кејт и Вилијам се родители на три деца: принцот Џорџ, принцезата Шарлот и принцот Луј
Според англиските медиуми, принот и принцезата годишнината ја прославиле во домашен амбиент и си подариле скромни и симболични нешта
Кејт и Вилијам се родители на три деца: принцот Џорџ, принцезата Шарлот и принцот Луј. Интересно е што помладата принцеза Меган Маркл и принцот Хари го очекуваат своето прво дете, а многумина вчера коментираа дека би било убаво Меган да се породи токму на годишнината од бракот на Кејт и на Вилијам.