„Слатка“ одмазда на поранешниот сопруг: Го остави за Хари и целосно го скрши, а тој денес заработува повеќе од неа и неговата нова сопруга е милионерка

Добивај вести на Viber

Поранешниот сопруг на Меган Маркл се ожени со Трејси Курланд, која наследи 250 милиони долари од нејзиниот татко, а во меѓувреме стана автор на хит серии

Меган Маркл продолжи со својот живот по разводот, а исто така и нејзиниот поранешен сопруг Тревор Енгелсон. Според зборовите на неговиот пријател, неговата кариера и семеен живот процветале, пишува Daily Mail.

На Тревор му било многу тешко некое време. Тој бил добро момче, но Меган го скршила кога побарала развод. Кога почнала да разговара со принцот Хари, тоа повторно го потресло поради медиумското внимание околу нивниот брак, а потоа и интервјуто со Опра - изјави пријателот на Енгелсон.

Меѓутоа, кога неодамна го запознал, ситуацијата била сосема поинаква. Тревор продолжил и понатаму за тоа колку е посреќен сега, колку сака да биде татко и како никогаш не се чувствувал поисполнет. 

„Секој во животот на Тревор знае да не го спомнува зборот „М“. Тој продолжи и на некој начин, може да се каже дека има подобар живот од Меган. Веројатно сега има повеќе пари од неа, го прави тоа што го сака и не е во центарот на вниманието. Тоа е ултимативна одмазда“, додаде неговиот пријател.

Тревор е среќно оженет со наследничката Трејси Курланд, чиј покоен татко создаде богатство од 500 милиони долари. Тие се венчаа во 2019 година и живеат на простран имот во Лос Анџелес со нивните две девојчиња. 

Во однос на кариерата, Тревор исто така се снаоѓа добро. Неговата менаџмент и продукциска компанија „Андерграунд“ со седиште во Беверли Хилс ја создаде хит телевизиската криминалистичка драма „Snowfall“, која се емитуваше шест сезони и има продолжение.

За разлика од многу други во Холивуд, Тревор го поддржа штрајкот на актерите и писателите кој продолжува. За време на штрајкот, Енгелсон се приклучи на протестите и им делеше кафе и крофни на луѓето.


Фото: Youtube - screenhsoot
Извор: најжена