Славната тенисерка се омажи за македонски милијардер: Симона блесна во две креации (ФОТО)

Романската тенисерка со македонски корени Симона Халеп застана на лудиот камен.

Се омажи за Тони Јуруч, познат бизнисмен и сопственик на неколку интернационални компании, по потекло од Македонија.

Двократната Гренд слем шампионка одлучи својата двегодишна врска да ја круниса со брак.


Двојката се венчала на брегот на Црното Море во градот Констанца, родното место на 11 -тиот тенисер во светот.



Тие се верија во јуни оваа година, а кон крајот на септември Халеп ќе го прослави својот 30 -ти роденден.

Познатиот тениски тренер Дарен Кејхил објави фотографија од венчавката со 300 гости, а многумина беа изненадени што Халеп носеше венчаница многу кратко, а потоа се одлучи за класичен фустан.



Инаку, венчавката беше одложена за септември на инсистирање на таткото на романската тенисерка Стереа, бидејќи сакаше Симона да игра на УС Опен, а потоа да ги заврши приватните обврски.


Фото: Инстаграм/Официјален профил Симона Халеп