Славни жени кои позирале голи во бременоста: Деми Мур започна, многу ја копираа

Добивај вести на Viber

Американската актерка Деми Мур позираше гола во бременоста во 1991 година, а по неа, тоа го направија уште многу славни дами. Тој тренд остана до денес.

Деми Мур (56) се фотографираше гола во 1991 година, кога беше во седмиот месец од бременоста со ќерката Скот (27). На себе носеше само дијамантски обетки и прстен.

Синди Крафорд, (53) го продолжи трендот позирајќи во 1999 година, а еден мeсец потоа го роди синот Присли.

Моника Белучи (54) два пати позираше гола додека беше бремена со двете деца, во 2004 и во 2010 година. Исто така беше на насловна на „Венити фер“ со ќерката Лени кога беше бебе.

Белучи два пати позираше за „Венити Фер“

Пејачката Кристина Агилера (38) во јануари во 2008 година се појави на насловната страница на „Мери Клер“ носејќи кожена јакна. Својата втора бременост ја прослави позирајќи за „В“ магазин во 2014 година. 

Клаудија Шифер (48) стана уште една позната жена која се фотографираше гола во бременоста, во иста поза како Деми Мур на насловна на германскиот „Вог“ во 2010 година. Беше во седмиот месец од бременоста со третото дете Косима Вајолет (8).