Слип фустан е сè она што ви треба за гламурозно лето: Изберете го совршениот модел и дезен за себе

Добивај вести на Viber

Слип фустаните се хит и ова лето, 2022 година, доколку сакате да ги следите водечките трендови.

Слип фустаните се апсолутен моден погодок, и тоа од сезона во сезона. Тие се високо на тронот и ова лето, а се чини дека изборот е поголем од кога било досега. Интересно е што сатенот првично се користел како материјал за тапацирање, но многу брзо влезе во модната сфера благодарение на својот луксузен изглед.

Неговата сјајна страна, истовремено гламурозна и шик, внесува дополнителна вредност на гардеробата, а при спомнувањето на сатен и фустани, невозможно е да не се споменат и слип моделите.

Иако врвот на популарноста го достигнаа во 90-тите, минималистичките слип фустани не исчезнаа од модната сцена, туку се наметнаа како модна класика.


Минималистички фустан инспириран од долна облека од 1920-тите стана најпосакуваниот модел во таа деценија. Во женствени, едноставни фустани, Винона Рајдер и Кејт Мос позираа на црвените килими, а една од најголемите модни икони Каролин Бесет-Кенеди избра ист ваков модел за венчаницата. Фустанот го креираше тогаш непознатиот Нарцисо Родригез и овој избор го шокираше модниот свет бидејќи изгледаше како премногу едноставен, моден избор за толку важен момент.


Тајната на успехот и долговечноста на овој фустан лежи во неговиот едноставен, но многу елегантен дизајн, а таа комбинација никогаш не е досадна, на што сме сведоци и оваа сезона.

View this post on Instagram

A post shared by  (@dillards)


Наместо тешки и монотони сатенски фустани, кои во 80-тите најчесто беа синоним за лош матурски фустан, новите верзии се лесни, лелеави, шик и неодоливо секси.

View this post on Instagram

A post shared by AMYLYNN (@amylynnofficial)