Со исхрана може да се спречи РАК: Еве што треба да исфрлите
Ако сакате да го спречите ракот, овие намирници треба итно да ги исфрлите од исхраната. Експертите советуваат целосно да се отфрли алкохолот од исхраната за да се намали ризикот од рак.
Покрај алкохолот, на црната листа има и слатки пијалоци, брза храна и преработено месо, како што се колбаси, сланина и салама, пишува Independent.
Конзумирањето на алкохол не може да се оправда поради никакви здравствени причини, предупредуваат научниците, наведувајќи нови цврсти докази кои сугерираат дека оваа навика може да предизвика некои форми на рак.
Овие предупредувања се дел од пошироката кампања за спречување на рак преку која препораките за здрава исхрана и начин на живот се нарекуваат „План за победа на ракот".
Светскиот центар за истражување на ракот (WCRF) во објавениот документ вели дека консумацијата на алкохол треба да биде сведена на најнизок можен степен.
„За превенција на рак е најдобро потполно да го исфрлите алкохолот од употреба", се наведува.