Со маичка која има натпис „Бестрашна“, Лила го галеше џинот: „Никогаш не знаеш кого ќе сретнеш по пат“

Добивај вести на Viber

Нема човек како неа и „уздуш“ и попреку го прошета цел свет. Голем број туристички дестинации примамливи за цел свет беа на списокот на македонската водителка Лила Филиповска од каде ги уживаше најубавите панорами.

Од Дубаи, преку Виетнам, до Маурициус се изнаужива во секоја една атракција која ја нудат локалците.

Една средба очигледно на Лила и оставила силен впечаток. А тоа средбата на Маурициус со оваа огромна џиновска желка.

„И никогаш не знаеш кого ќе сретнеш по пат, низ целата оваа убавина, природа и авантури слободно шетаат џиновските желки од Маурициус и секако гушкање и малку муабет. Малку ја изморивме зошто сите сакавме да ја видиме и да се сликаме“, напиша Лила.

Фото: Инстаграм
РЖМ