„Антибиотиците убиваат бактерии, НЕ делуваат на вируси“: Фармацевтот и нутриционист Драгана Фитлајф за злоупотребата на лекови

Добивај вести на Viber

Драгана Младеновска е млада дама и мајка на две деца која години наназад гласно зборува и апелира за важноста на здравата исхрана и физичката активност. Јавноста ја познава по нејзиниот инстаграм профил кој е заследен од над 40.000 следбеници. Таа со нејзините совети за исхраната, физичката активност и други сегменти за здрав живот секојдневно им се обраќа на следбениците и на јавноста преку нејзиниот профил, а овој пат во пикот на грипови и настинки ја потенцираше важноста и вниманието за употребата и консумирањето на лекови, особено за антибиотиците.

„Антибиотикот не е лек за грип! 
Антибиотиците убиваат бактерии, тие НЕ делуваат на вируси!
Грипот, настинката и повеќето респираторни инфекции најчесто се вирусни. Земањето антибиотик „за секој случај“ не само што нема да ве заштити, туку може да ја зголеми антибиотската резистенција, да ви го намали имунитетот и да ја наруши природната способност на телото да се избори со инфекцијата.
Нашиот имунитет е како војска - борбата против вирусите зависи од добрите бактерии во цревата, кои го поддржуваат имуниот систем. Кога земате антибиотик без потреба, вие ги уништувате тие добри бактерии и ја саботирате сопствената одбрана!
Наместо антибиотик, одморете, хидрирајте се, јадете свежа храна и третирајте ги симптомите. Ако состојбата се влоши, консултирајте лекар.
Антибиотици како превенција (профилкаса) се користат само кога е неопходно, најчесто пред/пост оперативно, и за специфични случаи, но исклучиво под надзор на доктор!“, напиша Драгана покрај видеото во кое предупредува за антибитиска резистенција, но и за нарушувањето на природната способност на телото само да се избори со инфекцијата.

Инаку, оваа млада и успешна дама има магистратура по фармација, но и по Диететика, а работи и како тренер за аеробик и пилатес. Таа е и една од најистакнатите нутриционисти кај нас.


Фото и Видео: Инстаграм