Екс министерот за земјоделство, Љупчо Николовски стана татко: „Донесе нова светлина“

Добивај вести на Viber

Поранешниот министер за земјоделство и актуелниот пратеник во собрание од редовите на СДСМ, Љупчо Николовски има голем повод за среќа.

Неговата сопруга Андријана вчера(04.03) на свет го донесе нивното прво чедо. Добија син. Гордиот татко преку емотивна објава се заблагодари на честитките за новороденчето и напиша:

„Денес е нашиот најубав ден во нашиот живот.
Со огромна радост и храброст денес Андријана Јакимовска го донесе нашиот сакан син – најголемиот благослов во нашиот живот! Жив, здрав и прав!
Тој донесе нова светлина, бескрајна љубов и среќа во нашето семејство.
Од срце ви благодариме за сите јавувања, пораки и честитки. Вашите убави зборови и искрена радост ја прават оваа посебна приказна уште поволшебна!
Благодариме на Господ за овој божји дар 
Со љубов и благодарност, Андријана & Љупчо“.

View this post on Instagram

A post shared by Ljupcho Nikolovski (@ljupchonikolovski)


Фото: Инстаграм