СО ПОЛИЦИСКА ПРИДРУЖБА НЕ ВРАТИЈА ОД АЕРОДРОМ: Скопјанка раскажа како патувањето им се претворило во непријатна авантура

Скопјанката Елизабета Стефанова на својот профил на Фејсбук раскажа како таа со сопругот и двете дечиња од 8 и од 2 години доживеале непријатно искуство на скопскиот аеродром од каде што сакале да отпатуваат. Имено, прележале Ковид-19, но поради грешка во системот биле на список на лицата кои несмеат да ја напуштат државата, заради што биле спроведени со полициска придружба и вратени назад.

Во нејзината објава на ФБ, Стефанова пишува:

„Би сакала да споделам едно лично исуство. Колку повеќе луѓе го споделат, толку повеќе ќе бидат информирани тие што планираат да патуваат. Значи вака, за патување во странство, ако сте биле во карантин, освен што ви треба негативен ПЦР тест, ви треба и ПОТВРДА ОД МАТИЧЕН ЛЕКАР дека сте завршиле со карантинот. Дополнително, барајте од епидемиологот од Центар за Јавно Здравје (ЦЈЗ) да ве излекува во системот и да пушти известување до МВР. Она што го вика Венко „асимптоматските случаеви автоматски излегуваат од изолација за 10 дена“ НЕ ФУКЦИОНИРА.


Целата приказна читајте ја на Фактор тука.