Приказни,
Семеен Албум
Со право важат за еден од најхармоничните парови: Иван Босиљчиќ и Јелена Томашевиќ заљубени уживаат на одмор (ФОТО)
Јелена и Иван заминаа на одмор и таму уживаат во љубовта далеку од обврските.
Пејачката Јелена Томашевиќ и актерот Иван Босиљчиќ секако се сметаат за еден од најубавите и најхармоничните парови. Тие двајца не се експонираат премногу во јавноста, нема скандали околу нивниот живот, и се' е во согласност со нивната енергија што ни ја емитуваат додека ги гледаме и слушаме на малите екрани.
Имено, тие неодамна отпатуваа на одмор и уживаат во морето. По тој повод, направија заеднички селфи фотографии од терасата додека зад нив се протега прекрасен поглед кон морето.
Нежно прегрнати, Јелена и Иван позираа за Инстаграм фотки.
ФОТОГРАФИИ:
извор;GLOSSY