Со првото појавување по погребот на кралицата, Кејт Мидлтон зададе моден предизвик: Капут кој ќе го посакате веднаш (ФОТО)
Принцезата од Велс може да се пофали со завидна гардероба, но нејзините капути се дефинитивно најубавиот дел.
Кога станува збор за модниот избор на Кејт Мидлтон, нема многу простор за креативност и ексцентричност бидејќи животот во британското кралско семејство подразбира и строги кодекси на облекување. Сепак, новата принцеза од Велс и покрај тоа успеа да стане една од официјално најдобро облечените жени во светот!
Што и да облече сопругата на принцот Вилијам, се распродава за неколку дена, а модните портали се преплавени со нејзини фотографии во моментот кога таа излегува од куќата. Сепак, во морето од фенси фустани и здолништа, едно парче посебно се истакнува кога станува збор за Кејт Мидлтон - капутот.
Сега, сепак, таа пронашла неверојатен црн модел кој е многу прикладен со оглед на фактот дека британското кралско семејство сè уште е во жалост за Елизабета Втора, па Кејт го направи своето прво јавно појавување по погребот на кралицата во капут што сигурно ќе остави впечаток.
Станува збор за парче од италијанската модна куќа Dolce & Gabbana, чија цена е 2.150 фунти, односно нешто помалку од 2.500 евра и кое претставува совршен спој на класичен дизајн и нови иновативни решенија. Капутот на Кејт, всушност, е без јака, има тркалезно деколте, украсено е со џебови на преклоп, струкиран е и има дворедно закопчување со големи златни копчиња.
И покрај небесно високата цена, тоа не е нов модел, туку капут од колекцијата есен-зима 2016 година, а принцезата од Велс го носеше со црни салонки од превртена кожа од Gianvito Rossi,чија цена е нешто повеќе од 730 евра.
Кејт го носеше ова парче како капут-фустан и го дополни со црни чорапи и бисерни обетки од Annoushka брендот.
Принцот Вилијам и принцезата Кетрин, инаку, го напуштија замокот Виндзор за да им се заблагодарат на сите кои учествуваа во организацијата на богослужбата во капелата Свети Џорџ по мисата во лондонската Вестминстерска сала, како и на оние кои се собраа да го поддржат семејството во тешкиот период.
Фото: Инстаграм