Со школски прибор до влез на прекрасниот хуманитарен настан „Од децата за децата“

Добивај вести на Viber

На 7. декември, сабота, во 12.00 часот во Кинотека на Македонијаво Скопје ќе се одржи 7. хуманитарен фестивал за деца со попреченост во развојот „Од децата за децата“организиран од „Македонски вознес“ со Виолета Ачкоска и Виолета Сековска.

Ова е еден прекрасен хуманитарен фестивал чија влезница се плаќа со прибор за училиште. Иститеќе бидат за учениците од училиштатаПОУ „Д-р. Златан Сремец“ - Скопје и ДУРДМОВ „Димитар Влахов“. Присутните ги очекува одлична атмосфера и многу другарување со децата од цела Македонија кои ќе бидат таму со своите родители и ментори.

Децата со попреченост во развојот и нивните родители секојдневно се соочуваат со потешкотии и предизвици кои можат да ги надминат верувајќи дека постојат луѓе во Македонија кои ги сакаат и можат да ги поддржат. Малите чекори им даваат инспирација и мотивација дека постои добрина во нашето општество.

Организаторите порачуваат до сите што ќе дојдат на фестивалот дека не само што ќе си поминат убаво, туку и ќе помогнат во нивната цел за инклузија на децата со попреченост во развојот во нивните општествени активности како стекнување пријателства со врсниците, активно вклучување во заедницата.

Со тоа што ќе дојдете на овој хуманитарен фестивалсоздавате повик за еднакви права, можности, прифаќање и соживот.