Со син ми Лиам бевме позитивни на ковид: Инфлуенсерката Ангела Ѓоргиева го споделува нејзиното искуство за мајчинството

Лиам, синот на инфлуенсерката Ангела Ѓоргиева наполни шест недели, а таа реши да одговори на некои од најпоставуваните прашања во врска со мајчинството, на нејзиниот Инстаграм.


За жал, како што сподели таа периодот не била активна бидејќи заедно со малиот Лиам биле позитивни на ковид, а вели дека успеале да „фатат“ од седење дома. За среќа сега Лиам бил многу подобар, а и самата таа се чувствувала подобро.  

Таа сподели и дека најтешки ѝ биле првите денови по раѓањето на Лиам, бидејќи сосема нормално, како новопечена мајка имала несигурности.

Ангела истакна и дека многу ѝ се подобрило лицето по бременоста бидејќи долги години таа се бореше со акни.

Откри и како дошле на идеја за името Лиам.

А го пофали и нејзиниот сопруг бидејќи ги делат обврските.


фото:instagram