Сочна и здрава торта со јаболка и портокал со темно чоколадо и бадеми: Без брашно и вештачки шеќери
Фото: Printscreen/youtube
Доколку размислувате да направите здрава торта, ова е рецептот за вас
Состојки:
5 јаболка
2 зрели банани
200 грама овесна каша
една лажица мед
рендана кора од лимон и кора од портокал
една или две лажички цимет
сок од половина портокал и половина лимон
30 мл маслиново масло
Подготовка:
Јаболката исчистете ги и изрендајте ги. Изгмечете 2 зрели банани и измешајте ги со јаболка. Сомелете ги овесните снегулки, какаото и бадемите на сецко до текстурата на брашното. Добиената смеса соединете ја со јаболка и банана. Додадете ги преостанатите состојки во смесата (суво грозје, прашок за пециво, мед, кора од лимон и портокал, цимет, сок од лимон и портокал и маслиново масло).
Сè убаво измешајте и ставете во загреана рерна на 180-200 степени целзиусови 35-40 минути.
Кога ќе се испече веднаш ставете го преливот.
Прелив: Сок од половина портокал и лимон, 3-4 лажици мармалад од вишни или портокал, темно чоколадо и сечкани бадеми.
Исцедете ги сокот од портокал и лимон. Во сокот додадете го мармаладот и измешајте. Намачкајте ја тортата во подебел слој. Потоа растопете 60гр црна чоколада, прелијте и премачкајте. Посипете со сечкани бадеми.
Извор: stil.kurir.rs
*пр-објава