Сочна посна јаболкова пита по рецептот на баба: Свежо исцедениот сок од портокал ѝ дава посебен вкус

Фото: youtube printscreen

По желба, кората можете да ја ставите рамно во тавата или да ја завиткате во круг

Состојки:

1 пакување готови кори

500 гр рендани јаболка

цимет

шеќер по вкус

ореви

цеден сок од портокал


Подготовка:

1. Јаболката се рендаат, се додаваат циметот и шеќерот и се пржат малку во тавче на шпорет (без масло и на тивок оган). Потоа додадете ореви, а можеби и суво грозје, па филувајте ги корите.

2. На секоја кора се става по малку сок од портокал, па се става филот од јаболка и се завиткува ролатот.

3. Се редат на плех и се прелива со малку кисела вода.

4. Се пече на 180 степени околу 20 минути.


Извор: stil.kurir.rs

*пр-објава