Софија Лорен и на 88 години има посебна убавина: Годините не ѝ можат ништо, а еве која е нејзината тајна
Софија Лорен со
децении важеше за една од најубавите жени во светот. И ден денес, покрај тоа
што стандардите за убавина значително се променија, таа останува симбол за
сексапил и прибвлечност.
Славната Италијанка иако навлезе во својата деветта деценија, сепак може да се пофали со безвременска харизма и неверојатен изглед.
Софија, која во септември минатата година наполни 89 години, пред неколку дена се појави на оперскиот фестивал во Верона. Актерката се прошета по црвениот тепих, а сето тоа беше проследено со бурни овации од публиката на која широко се насмевна со елегантно мавнување со раката.
Лорен беше прогласена за кума на овој фестивал кој го слави целиот свој век од постоењето, а овој јубилеј беше одбележан со изведба на култната опера „Аида“ од Џузепе Верди. Во далечната 1953 година, Софија ја играше главната улога во филмската верзија на оваа позната опера.
Легендарната актерка и понатаму е верна на својот изглед кој го негува со децении, кој се должи на исхраната на која доста внимава. Покрај прекрасната лизија, нејзин заштитен знак е и костенливата боја на коса која ја негува со денеции.
Да потсетиме, преубавата Италијанка својот последен филм го сними во 2021 година, по 11 години пауза, а се работи за одличната италијанска драма „The Life Ahead“ во режија на нејзиниот сон Едуардо Понти.
Фото: simplysophialoren / instagram