Софија Вергара изгледа како жив оган: Карциномот на време ѝ е откриен, сите треба да одат на овој преглед

Добивај вести на Viber

Софија Вергара за операцијата рак на тироидната жлезда

„Кога ќе го слушнете зборот „рак“, вашите мисли одат во различни насоки“, вели Софија Вергара, на која за време на рутински преглед ѝ бил дијагностициран рак на тироидната жлезда. Актерката тогаш имала само 28 години, но решила да не паничи и избрала поинаков пристап.



View this post on Instagram

A post shared by Sofia Vergara (@sofiavergara)


„Решив да се едуцирам на тоа поле. Ја читав секоја книга и секој текст што ќе ми дојде до рака“, објаснува згодната Колумбијка.

Ја смирило знаењето за ракот на тироидната жлезда, дознала дека јазлите на тироидната жлезда се многу чести. Во повеќето случаи, тие се бенигни по природа, и ако малигните се откриени во рана фаза, обично е доволна само операција.

View this post on Instagram

A post shared by Sofia Vergara (@sofiavergara)



Вергара молчеше за својата болест до 2011 година, кога во едно интервју објасни дека не сакала медиумско внимание додека се лекува. Освен хируршко отстранување на тироидната жлезда, лекарите на Софија советувале и зрачење, а денес актерката секојдневно пие хормонски таблети.

„Имав многу среќа“, вели Вергара. „Имав среќа што ракот ми беше рано откриен и што ја имав поддршката од мојот лекар и од моето семејство. За тоа време научив многу, а не само за ракот на тироидната жлезда. Научив дека е неопходен тимски пристап за победа против ракот.“


ФОТО: Инстаграм принскрин