Софистицирана екстраваганција во која ќе ја дочекаме пролетта: Лимитирана колекција која го одзема здивот

Добивај вести на Viber

Облеката е првото нешто што го забележуваме кај повеќето... Стилот е тој кој исто така привлекува внимание, а врвниот стил е приказна која остава трага...

За да оставите трага не треба да барате многу затоа што ви нудиме нешто кое е А - класа, врвно, дизајнерски фантастично и модерно.

Вистинска поезија - накусо опишана новата колекција на модниот бренд „Bella“ која ја прераскажува љубовта кон модата и стилот на една жена!!!

Оваа пролет нудат екслузивитет. Модни парчиња кои се лимитирани дизајнерски модели во екстра кратки серии, свежи бои и пролетни дезени.

Играта е потенцирана преку асиметрични дизајни преточени во софистицирани фустани, палта и панталони, кошули и здолништа. Всушност, се работи за лимитирана колекција која дише со свежина, а еве за што зборуваме: 

1. Прв на листата е асиметричниот фустан со цветен дезен и миди должина, кој одлично одговара на чизми до колена. Целата оваа комбинација слободно може да ја збогатете со син елек, кој ќе го привлече вниманието на секој со кој ќе се сретнете тој ден.

2. Панталоните и кошулата од серијата „EL“ на брендот „Bella“ се за оние кои сакаат бизнис комбинации.

3. Асиметричниот син комплет од палто и панталони е нешто по што ќе бидете забележани од сечие око. Доколку претпочитате здолниште, наместо панталони - ја имате и таа опција.

4. Брендот „Bella“ во својата лимитираната дизајнерска серија подготви и кошули, кои се одличен избор за да направите измени во вашиот изглед, поради својот уникатен дизајн.

а) сина кошула (ја има и во бела варијанта) со необичен крој одлично прилега на елегантни панталони или здолниште во форма на молив;

б) кошулата во боја на слонова коска е комбинација на рајон свила со вискоза и истата одлично ќе се вклопи со останатите модни парчиња од колекцијата.  

* ПР - објава