Сон или јаве

Добивај вести на Viber

  Елена беше потресена, но откако ги испративме Стив и Кире, не сакаше да се вознемирувам и се однесуваше како ништо да не се случило. Јас задремав во дневната и таа ме разбуди и инсистираше да одам горе и да си легнам: „Те молам Вики, оди легни си. Утре сабајле треба да сме одморени. Кога ти е главата одморена, размислуваш поинаку. А и телото бара одмор. Како се одвиваат настаните, така ќе реагираме. Јас да ја средам кујната, па ќе легнам. Седев до тебе за да поспиеш“.

  Сосема беше во право. Секогаш ме штитеше и навистина бев среќна поради тоа. Јас ја послушав и се качив горе. Легнав и сум заспала повторно. Рано наутро осетив вкус на палачинки. Сигурно не можела да спие и рано станала. Се облеков и се симнав долу.

  Елена ме пречека нормално како секое утро и ми рече: „Добро утро Вики. За појадок направив палачинки бидејќи ги обожуваш. Ќе појадуваме и ќе излеземе заедно. Јас ќе одам по продавници низ трговскиот центар да видам каде го има конкретно тоа што ни остана да го докупиме додека си ти на курс по јазик и на фитнес. Потоа, ќе одиме в град да докупиме за свадбата што ти треба. Останаа уште три дена до свадбата. Се слушнав со Стефка, ќе оделе со Емили до болница да видат како се Леа и нејзиниот партнер. Потоа, би можеле и ние да одиме“.

  Сакав да ѝсе спротивставам, но бев сигурна дека Елена размислила и се договорила пред да ми каже мене. Всушност заклучив дека е во право. Што и да се каже, доцна е за сите, нема назад. Клопчето пред време почна да се одмотува, каква и да е тајна ќе се открие. Појадувавме палачинки и пиевме чај и веднаш потоа излеговме. Елена отиде да прошета по продавници да провери каде може да купиме тоа што е потребно за свадбата.

  Курсот по јазик ми одеше одлично. Бев отсекогаш надарена за јазици. Денес не ми одеше, но беше исклучок затоа што немав доволно концентрација. Заврши часот и отрчав да пазариме со Елена. Испазаривме и на пат кон дома се јави Стефка. Елена разговараше со неа и само климаше. Побледе и заврши со разговорот. „Што се случи мама Елена?“, ја прашав. „Дома ќе ти кажам“, ми одговори.

  Стигнавме дома. Елена отиде в кујна, а во меѓувреме се јави Стив: „Мила завршуваме денес. Вечер или утре наутро доаѓаме. Ми недостасуваш, да знаеш“, јас само молчев, дури и со доза на игнорирање, и наеднаш го прашав: „Како се Леа и црнецот?“ Стив молчеше некое време и проговори: „Вики, не знаеш? Тој утрово почина, а Леа е во критична ситуација. Многу ми е жал, но ете...“, го прекинав и продолжив: „Да знаеш, сè има зошто. Ретко некој влегува дома кај некого без причина, а камо ли да го нападне со нож или да го убие“. Пред да прекинеме со разговорот, поразговаравме уште кратко и прекинавме.

   Кога Елена дојде од кујна ми рече: „Вики, ве слушав, мене многу ми е жал особено за Леа. Иако беше малку перфидна и горда, беше несреќна. Сите се надевавме дека овој пат ќе биде сè во ред, но ете, не бидна така“. Ручавме, но мислам дека низ врат ни отиде јадењето. „Ги фатија ли напаѓачите?“, прашав. Одмавна со главата замислено. По некое време, одговори: „Вики јас подоцна ќе одам в болница, не знам дали и ти да дојдеш. Не сакам да се тревожиш, а дополнително на сè, Леа е во кома. Има полицаец пред соба, а ние повеќе во ходникот ќе седиме. Ако не пуштат, тоа ќе биде на кратко“. „Ќе дојдам и јас“, Леа е моја сосетка, ја познавам од детство“,ѝ одговорив без двоумење.

  Отидовме со такси в болница. Имаше полицаец пред врата. Потоа дојдоа двајца инспектори и почнаа да разговараат со нас. Мене повеќе ми личеше на испрашување бидејќи беа инспектори од повисок ранг. Но, ние не знаевме ништо да кажеме освен дека ја познаваме Леа. Тие потврдија дека станот на Леа е запечатен, црнецот утрово починал. Сепак за да ги пронајдат напаѓачите ќе мора кој знае нешто или некој податок да и каже на полицијата. Соработката со полицијата најмногу би го расветлила овој крвав настан.

  Веќе разбирав повеќе, а и Елена ми преведуваше. Во душата ми беше навистина тешко. Сакав Леа да преживее, но не бев моќна да направам нешто. Само бев сигурна дека напаѓачите им се познати на Стив, Кире и Емили. Дојде одговорниот доктор, поразговаравме со него и ни дозволи да ја видиме Леа на кратко. Беше на апарати во безсознание. Докторот рече, исто така, дека ако ја преживее ноќта, ќе биде добра. Се вративме дома без да кажеме нешто.

  Бевме уморени и јас веднаш се истуширав, не ставив ништо на мене освен една тенка пижама и си легнав. Почувствував како некој да ме бакнува низ сон. Ме бакнуваше тивко, полека. Потоа, ми ги милуваше градите, набрекнатите брадавици. Полека почна да се спушта низ стомакот. Зад мене, почувствував набрекнат кур.

  Рацете полека му се спуштија низ моите колкови и одеа полека кон меѓуножјето. Ми ја масираа пичката додека не почна да се отвора како школка. Ми ја крена едната нога и неговиот набрекнат кур жестоко влезе во моето слатко меѓуножје. Пичката ми беше врела и од неа се слеваше сок. Почна да ме ебе и јас почнав да уживам и да стенкам.

  Потоа, полека го извади напалениот кур, ме заврти на страна кон ѕидот и почна да ме ебе и да ми ги милува и масира врелите гради и напупчени брадавици. Влегуваше и излегуваше од мене сè додека не почнав да се тресам и да се грчам. Потоа влезе во мене и сврши длабоко во мене. Почнав да викам гласно. Ми ја подаде раката и го искасав не сакајќи.

  Се разбудив со посебно задоволство. Ја вклучив ноќната ламба и со ужасен глас писнав: „Стив! Кога дојде?“ Стив почна да ме бакнува и да се смее говорејќи: „Мила моја, јас дојдов, те галев, те бакнував и те задоволив. Помислив дека лажеш и си мислев дека глумиш како спиеш, но ти навистина си спиела“.

  Не можев веќе да му премолчам. Бевме кај неговите дома и можев да му кажам сè што мислам бидејќи и Елена ќе ме штити дополнително, па почнав со повисок тон да му обратам:„Да, Стив, дојде во мојата земја и ме донесе овде за да се чувствувам како туѓинка. А твоите пријатели, или се изгубени или се мафијаши или убиваат или ги убиваат, а ти што правиш? Те нема, или пиеш или некаде одиш, ни сам не знаеш каде и се прашуваш зошто сум сонлива или будна? Затоа што сум во шок. Те почувствував, но цело време лебдев, бев во летаргична состојба.“ 

  На Стив гледав како му се намрштува лицето и беше готов да пламне. Но, ме погледна строго, и само кажа: „Ајде да спиеме. Добра ноќ. Уште два дена ќе правиме свадба .“

ТУЃИНКА