Сон за секоја жена: Софија Милошевиќ покажа каков луксуз има во својот стан

Манекенката Софија Милошевиќ покажа дел од својот дом во Франкфурт, во кој живее со партнерот Лука Јовиќ и синот Алексеј, а глетката ги воодушеви припадничките на понежниот пол.

Имено, таа на својот Инстаграм профил сподели две фотографии на кои покажа „вистински рај за жените“.

Манекенката го фотографираше огромниот плакар преполн со чевли, сандали, патики од познати брендови, а сите се сложија дека изгледа како продавница за обувки.

И покрај големиот број на високи потпетици кои ги поседува во својот плакар, Софија покажа кои обувки ги носи најчесто во текот на летото и за секојдневните прошетки.

Она што е забележливо е дека манекенката со задоволно одбира рамни обувки како патики и мокасини.