Сопругата на Никола Роквиќ го покажа трудничкото стомаче: Откри и дека има многу мачнини (ФОТО)

Добивај вести на Viber

Убавата Бојана ужива во трудничките денови, а сопругот ѝ е најголема поддршка.

Сопругата на познатиот пејач Никола Роквиќ неодамна објави убава вест. Семејството Роквиќ наскоро ќе стане побогато за уште еден член.

Тие веќе имаат две деца, а третата бременост на Бојана ѝ била потешка од првите две. Имено, Бојана има многу обврски со децата, а нејзиниот сопруг се труди секогаш да биде тука за да ѝ помогне.
Ќерката Леона и синот Симон се тука да ѝ помогнат на мама во домашните работи, бидејќи како што та сега се довери на нејзините следбеници имала големи мачнини.

- Некои од вас забележаа дека во изминатиов месец не сум најактивниот член во нашата заедница, а причината за тоа беше убавината на првото тримесечје - мачнините. Овој пат ме фати несвесно бидејќи првите две бремености беа многу подобри во тој поглед.. Но ова го пишувам од друга причина, а тоа е моја опсервација и начинот на кој се справив со тоа.. На самиот почеток се препуштив и буквално не можев ниту една обврска (освен децата) да одработам како што треба.. Тоа кратко траеше затоа што сфатив дека тоа е и некаква борба и моментална ситуација од која не смееме да се откажеме така лесно.. И иако мачнините не престанаа по тоа сознание, нивниот континуитет престана и мојата глава веќе не се занимаваше само со тоа! Барем за кратко успеав да излезам од таа состојба и да правам други работи и некако да научам да функционирам и да се снаоѓам со оваа, за среќа краткотрајна состојба... Знам дека има многу од вас кои сте во оваа иста прекрасна состојба, а сепак понекогаш не толку прекрасна, па ви пишувам секој ден со надеж дека барем малку ќе ви помогнам - напиша Бојана.

Многу нејзини следбеници уште еднаш ѝ честитаа на убавата идна мајка и ѝ посакаа овој период брзо да помине.

View this post on Instagram

A post shared by Bojana Barovic (@bojanabarovic)


извор:GLOSSY

Сопругата на Никола Роквиќ на прекрасен начин потврди дека е трудна: Со семеен портрет, во прекрасен фустан за трудници (ФОТО)

Браќата Роквиќ во исто време чекаат бебиња: Сопругата на Никола по трет пат во блажена состојба!