Сопругата на Сталоне поднесе барање за развод по 25 години хармоничен брак: Актерот ја покри тетоважата од нејзиното лице со тетоважа од куче

Сè уште не е позната точната причина зошто Џенифер Флавин одлучила да го остави Силвестер Сталоне со кој има три ќерки и да го прекине бракот по 25 години, но пред неколку дена Сталоне решил да ја прикрие тетоважата од нејзиното лице на неговиот десен бицепс.

Американскиот актер Силвестер Сталоне (76) и неговата сопруга Џенифер Флавин (54) се разведуваат по 25 години брак, а како што пренесуваат американските медиуми, Флавин во петокот поднела барање за развод. Освен што бара развод, таа ја обвинува ѕвездата на „Роки“ и за пренос на имот од брачните фондови.

Сталоне се вклучил во намерно трошење, исцрпување и/или трошење на брачниот имот што имал негативен економски ефект врз имотот на бракот. Законот на Флорида бара на сопругот да му биде забрането да продава, пренесува, доделува, оптоварува или отуѓува каков било имот за време на постапката за развод, според документите за развод што ги доби TMZ.

Сè уште не е позната точната причина поради која Флавин одлучила да го прекине бракот, но пред веста за разводот многу обожаватели се посомневале дека нивниот брак е во неволја.

Имено, пред неколку дена Сталоне ја покри тетоважата на лицето на Џенифер на десниот бицепс, а над неа истетовира слика од кучето Буткус, булмастифот на Роки од хит филмовите од осумдесетите.

Порано:

Сега:

А во меѓувреме и Џенифер објави фотка со трите ќерки и напиша:
- Овие девојки се мојот приоритет, ништо друго не е важно. Ние четири засекогаш! 


Пред само три месеци Сталоне и Флавин ја прославија својата сребрена годишнина од бракот, а тој посебен ден го одбележаа со емотивна објава на социјалните мрежи.

- Среќна 25-годишнина на мојата прекрасна сопруга - напиша актерот со фотографија од нив двајца.

- Нема доволно зборови за да се опише што оваа неверојатно несебична и посветена, трпелива жена направи во нашите животи. Посакувам само да имаме уште 25 години. Ти благодарам душо за се'! - напиша тој.

Флавин објави и неколку заеднички фотографии, пишувајќи: „Среќна 25-годишнина од бракот! Ти благодарам што секогаш ме смееш, го сакаш и го штитиш нашето прекрасно семејство! Нашиот брак е се' подобар секоја година! Едвај чекам да го поминеме остатокот од животот заедно!.

Во меѓувреме таа ја избриша таа објава.

А исто така Џенифер го отследи Силвестер од Инстаграм.

Досега актерот и неговата сопруга, се немаат огласено по оваа прашање.

Силвестер Сталоне и Џенифер Флавин се венчаа во 1997 година, а нивната врска првично започна во 1988 година по средбата во ресторан во Беверли Хилс, Калифорнија.

Имаат три ќерки: Скарлет (20), Сикстин (24) и Софија (25). Сталоне е и татко на синот Серџи од претходниот брак со Саша Чак. А неговиот најстар син Сејџ, кој го имаше со Старлин Рајт, почина во 2012 година.

Силвестер Сталоне за смртта на синот: Ниту една болка не може да се спореди со онаа кога ќе изгубите дете