Сопругата на Винсет Касел грми кога се дотерува, а вака изгледа во нејзиното природно издание - без грам шминка и покриена од глава до пети

Добивај вести на Viber

Познатата манекенка Тина Кунаки прво го истакна гламурозниот стил, вклучително и попредизвикувачките модни изданија, а потоа се сврте кон поприроден изглед кој секако не е во спротивност со гламурот, но за кој не се потребни шминка и раскошни фустани.

Сопругата на францускиот актер неодамна беше на премиерата на филмот „Je Verrai Toujours Vos Visages“ во Париз, закопчана до грло, во предимензиониран капут, широки фармерки и шпиц чевли.

Таа на овој настан се појави без шминка и со полежерна фризура, плетенки кои никогаш не „излегуваат од мода“.

Фасцинантната Тина Кунаки, која фановите на Моника Белучи, поранешната сопруга на Винсент Касел, не ја оставаат и постојано ја коментираат, па на социјалните мрежи постојано истакнуваат дека италијанската дива е далеку поатрактивна од неа. 

Оценките и проценките за нечиј изглед се крајно субјективни и обично површни. Не е ни важно кој е поубав, Моника или Тина. Она што им е заедничко, освен поврзаноста со Касел, е претпочитање за поприроден имиџ, што славната манекенка особено го турка во последно време. 

Кога некоја позната личност излегува во јавноста со природно лице, тоа секогаш има позитивно влијание бидејќи тие испраќаат порака дека не е се‘ така идеално како што изгледа на мрежите.

Тина Кунаки и Винсент Касел се во брак од 2018 година, имаат ќерка Амазонија.


Фото: Профимедиа