Сосема различно од обичниот хороскоп: Откријте кој ЕГИПЕТСКИ БОГ сте и што значи тоа

Добивај вести на Viber

ВАЏЕТ (28 октомври - 25 ноември)

Ваџет е заштитничка божица на земјата, кралевите и мајките. Таа е претставена како змија или жена со две змиски глави. Луѓето родени во овој знак се претпазливи, доверливи, таинствени и резервирани додека не ги предизвикаат. Доколку тие или оние за кои се грижат се најдат во опасност, ќе се борат посветено без разлика на шансите за победа. Тешко стекнуваат пријатели, но кога ќе се зближат со некого, многу му се лојални. Тие бараат иста лојалност од оние што ги доживуваат како свои пријатели. Во однос на другите се ладни и арогантни, како да сакаат да ги оттурнат од себе. Занимања за овој знак се хирург, патолог, надзорник, полицаец.

СЕХМЕТ (27 ноември - 26 декември)

Сехмет претставува војна, лов и ривалство. Луѓето родени во овој знак се емотивно површни. Таквиот темперамент им помага да бидат опуштени, комуникативни и духовити. Тие копнеат за акција и откривање на нови искуства. Убаво е да се дружите со нив додека не посакаат нешто што ви припаѓа. Затоа што во тој случај можам да посегнат по него без разлика на огорченоста и непријателството што ќе произлезат од тоа. Тоа не значи дека намерно сакаат да нанесат штета, туку едноставно не се грижат за туѓите интереси. Тие треба да бидат истражувачи, трговци, новинари и ловци.

СФИНГА (27 декември - 25 јануари)

Сфингата е чувар на богатствата - материјални и духовни. Таа е способна да ја промени својата форма кога тоа го бара ситуацијата. Во овој знак се родени непоколебливи и упорни луѓе кои планираат и дејствуваат долгорочно. Иако се способни тактички да се приспособат на околностите, не ја губат од вид стратешката цел. Тие можат да одржуваат контакт со голем број луѓе, но се интимни со малкумина. Поради чувањето на приватноста и вртењето различни лица кон познаници, за нив може да се шират неверојатни гласини, од кои малку одговараат на вистината. Родените во овој знак треба да бидат научници, писатели, филозофи, историчари.

ШУ (26 јануари - 24 февруари)

Шу е бог на воздухот и ветрот. Кој му припаѓа на овој знак е неконвенционален и често ги прекршува општествените норми, а понекогаш и не ги знае. Тој има добри и напредни идеи. Шу живее во свој свет и не сака да се прилагоди на другите. Ако се премисли за нешто, за тоа се одговорни неговите интимни причини, а не туѓите уверувања или притисок. Поради непредвидливите промени во неговите ставови, околината го доживува Шу како неодговорен и несигурен. Овој знак е најдобар за пронаоѓачи, програмери, лекари, писатели и известувачи.

ИЗИДА (25 февруари - 26 март)

Изида е божица на природата и магијата. Луѓето родени под нејзина заштита се интуитивни и идеалисти. Тие се карактеризираат со променлив темперамент и необична комбинација на мекост и цврстина. Во некои работи е многу лесно да се убедат да попуштат, додека во други се цврсти. Она што за нив е неоспорна реалност можеби на другите им изгледа како целосна фантазија. Понекогаш она што Изида го перцепира е вистинската реалност, која е скриена од повеќето и само интуитивните можат да навлезат. Поради ваквата природа, овој знак треба да се занимава со уметност, советување, гостопримство, но би можеле да бидат и лекари и терапевти.

ОЗИРИС (27 март - 25 април)

Озирис е богот на другиот свет, вечниот живот и тишината. Родените под негово покровителство се обдарени со голема енергија и влијание врз околината, која обично не знаат да ја контролираат. Тие се динамични и избрзани. Тие по правило реагираат „на првата топка“, без втори размислувања. Кога нешто ќе им здосади, раскинуваат без сентименталност. Исто така, тие често одеднаш започнуваат нешто ново, бизнис или хоби, се преселуваат или преуредуваат куќа. Тие не сакаат долгорочно да се заложат за нешто. Професии со кои треба да се занимаваат се продажба, мода, истражување. технологија и спорт.


Извор: glossy.rs


Претходна страна