Состојбата на Милутин Мркоњиќ е сериозна: Ана Бекута му е најголема поддршка, а нејзиното загрижено лице открива сѐ

Српскиот политичар, почесен претседател на СПС и пратеник Милутин Мркоњиќ (79) е во болница. Како што потврдија за српски медиуми од болницата, тој се наоѓа на Одделот за интензивна нега, а лекарите прават се за да ја стабилизираат неговата состојба, која како што пишуваат се влошила.

Милутин Мркоњиќ (79) завршил на кардиоваскуларната клиника во Белград, а со него цело време е неговата избраничка, пејачката Ана Бекута (62).

Срцевите залистоци ги оперираше во август, со нова метода, преку препоните, а сега дошол на повеќе испитувања.

Поради големиот интерес на јавноста, Заводот за кардиоваскуларни заболувања „Дедиње“ соопштува дека пациентот Милутин Мркоњиќ поради тешки срцеви проблеми и потешкотии е на болничко лекување во оваа здравствена установа.

- Неговата моментална здравствена состојба е сериозна, а Советот на лекари на Заводот за кардиоваскуларни заболувања „Дедиње“ ги презема сите неопходни мерки за интензивно лекување. Советот соодветно ќе ја информира јавноста за здравствената состојба на пациентот Милутин Мркоњиќ - се наведува во соопштението на Заводот „Дедиње“.

Милутин на почетокот на годината беше во болницата Драгиша Мишовиќ, но тогаш тестовите покажаа дека тој е негативен на Ковид 19.

- Немав ковид, но ме задржаа бидејќи ми најдоа лузни на белите дробови. Но, имав воспаление на мочниот меур, а промените во белите дробови не се последица на короната - изјави тогаш тој.

Ана Бекута била со него во клиниката на Дедиње, неколку часа, а потоа го оставила, што го снимиле камерите на „Папарацо лов“.

Бекута делувала ненаспиено, а потоа се упатила кон зградата на Врачар каде живее во пентхаус.

- Милутин е добро. Изминатите денови ги помина во болница, а вчера доби пејсмејкер. Процедурата помина добро и тој се опоравува. Навистина нема потреба од паника и сензација. Ви благодарам на сите за искрената грижа и искрено ве замолувам да ја почитувате приватноста на Милутин Мркоњиќ и неговото семејство. Кога ќе имаме некоја вест, ќе ве известиме – изјави претходно пејачката.


Foto: Printscreen/Paparazzo lov