Советите на Пјотр Мамонов: Не ги навредувајте луѓето и не лутете им се на другите

Пјотр Мамонов (1951, Русија), некогаш култен рок музичар, моментално познат како актер и јуродив (јуридивост - традиционално застапено во Православието, каде што се смета за една од најхрабрите форми на подвиг и монаштво) - секогаш зборува без влакна на јазикот што мисли.

Денес, Мамонов ретко го напушта оддалеченото село во близина на Москва, каде што живее со својата сопруга 17 години, се занимава со земјоделство и е целосно посветен на духовноста, и ретко има контакт со надворешниот свет.

Тој е најпознат за пошироката јавност по феноменалниот руски филм „Остров“ (Островот), кој ја доби наградата за најдобар руски филм во 2006 година, и самиот Мамонов за најдобар руски актер за главната улога во која тој во суштина се игра. Од неговите говори може да се види дека се повеќе личи на својот татко Анатолиј кога глумеше во филмот „Островот“. Тој воопшто не се стреми да му се допадне некому, туку едноставно живее, а понекогаш и организира концерти и претстави.

Неговите животни правила се јасни и разбирливи за секого, како на дланка:

-Не ги навредувајте луѓето и не лутете им се на другите.

-Кажете „те сакам“ дури и кога не сте сосема сигурни. Тоа често кажувајте го

- Допирајте ја саканата личност што е можно почесто.

- Секогаш гледајте ја другата личност во очи.

- Не плашете се од промени, но не копнеејте ни за нив.

-Направете од секој настан празник.

- Никогаш не карајте ги другите и не судете за туѓите вкусови.

- Одете кај Бога, побарајте го Бог, дури и ако не верувате во Него.

- Заспијте со насмевка.

- Секогаш посакувајте им среќен роденден на пријателите.

- Купувајте често подароци.

- Повикајте ги родителите што е можно почесто.

- Насмевнувајте се често во огледало.

- Не плашете се да изгледате смешно.


Фото:  freepik.com