Божиќна доминација на Џил Бајден: Првата дама во фантастично добар женствен фустан
Џил и Џо Бајден одржаа виртуелна средба со припадниците на американската војска за Божиќ, а американскиот претседателски пар беше придружуван од нивното ново милениче, кученцето германски овчар, Kомандант.
Тие на тој начин им се заблагодарија на армиските припадници на војската, а разговараа и со припадници на армијата од различни области, морнарицата, копнената војска, маринците, воздушните и копнените сили итн. Војниците ги пречека и преслаткиот Командант, кој за време на разговорот лежеше на перница и уживаше во гушкањето со сопствениците.
фото:ЕРА
Виртуелната средба се одржа на Божиќ и Џил Бајден избра облека во склад со церемонијата. Првата дама на САД облече црвен миди фустан од американскиот дизајнер Брендон Максвел, модел кој убаво ја следи линијата на телото и се шири од колената. Фустанот има ракави до лактот и поширок ремен во иста боја како и фустанот. Заедно со овој многу елегантен модел Џил носеше женствени црвени салонки и целиот аутфит изгледа многу префинето и убаво.
фото:ЕРАфото:AFPЏил Бајден го надополни својот божиќен стајлинг со пристојни модни детали, блескаво ланче со привезок, мали висечки обетки и сребрен часовник.
извор:zadovoljna.hr