Совршен десерт за слава или именден: Карамел бајадера по рецепт на македонската блогерка Мартина
Овој период од годината е време на домашни слави и имендени, токму затоа одлучивме да го споделиме со вас рецептот за „Карамел бајадера“ на Мартина, кој стана вирален и многу бргу достигна бројка од над 500.000 прегледи.
По објавата на Мартина - девојката која стои зад Инстаграм профилот Martina's cooking, многу наши познати дами се пофалија и на Стори покажаа дека и тие ја направиле Карамел бајадерата и истакнаа дека бргу се подготвува, но и дека е вкусна.
За подготовка на овој вирален рецепт потребни се следниве намирници:
-150 гр. карамели
-120 мл. млеко
-200 гр. мелени бисквити
-80 гр. лешници
-100 гр. путер
За глазура:
200 гр. чоколадо
4 лажици масло.
Целата постапка на подготовка погледнете ја во видеото подолу:
Фото: Архива Женски магазин/Инстаграм - Martina's cooking
Видео: Инстаграм - Martina's cooking
Можеби ќе ве интересира:
Нејзиниот рецепт го видоа 8 милиони: Македонката Мартина за успехот и почетоците на блогот за храна