Совршен фустан за жени со мали гради: Мила Кунис во црвено издание
Во Лос Анџелес се одржа светска премиера на акционата комедија акцијата „The Spy Who Dumped Me" во режија на Сузана Фогел.
Филмот следи две најдобри другарки, Одри и Морган, кои случајно стануваат дел од комплициран меѓународен заговор, а главните улоги им се доверени на Кејт Мекион и Мила Кунис.
Двете дами блеснаа на премиерата, Кејт беше облечена во црн костум, и Мила беше во долг црвен фустан на модната куќа Валентино.
Моделот со овој тип на деколте совршено се вклопува за жените како Мила, кои имаат помали гради. За дами со поголеми гради ваквото деколте може да биде доста незгодно, бидејќи е тешко да се контролира во секое време.
По раѓањето на ќерката Вајат Изабела во 2014-та година, Мила во телевизиска програма се пошегува дека за прв пат во нејзиниот живот мора да носи градник, бидејќи нејзините гради се зголемиле.
„Не знам како да се справам со нив, бидејќи никогаш не сум ги имала. Јас секогаш носев облека за „рамни девојки“, а сега тука се градите. Сега морам поинаку да се носам. За почеток, морам да носам градник. Ова е сосема нов експеримент за мене ", изјави таа.