Совршена си - зошто се плашиш од тоа?
Се фаќам себе си дека постојано се повторувам за некои теми и како расипана касета никому ништо не му менува тоа. Често велам биди примерот што сакаш да го видиш, не можеш да очекуваш од луѓето тоа што ти не можеш да го дадеш.
Јас потклекнав. Минатава недела имаше концертен настан во филхармонија под диригентската палка на маестро Вања Ѓумар Николовски се изведуваа дела од познати филмови. Од секогаш сум сакала да одам и никако не наоѓав време за тоа. И четвртокот си ветив што и да е, камења да паѓаат, се пакувам, се спремам и одам, дури онлајн билети купив за да сум сигурна дека нема да зезнам. Периодов работниот ден ми трае често и по 15-16 часа без да забележам па така четвртокот си реков ќе завршам се ќе се спремам и ќе одам. Тикви! Имав милион и една обврска дента сосе менување на гуми, не можев да си дозволам да бидам дотерана па така одбрав голем црн џемпер, црна фармерка, црни каубојки, црн капут и огромна црна чанта. Заглавив со сите мои обврски и додека дојде времето за да одам на концертот веќе бев преморена и од поплава исфрлена. Братучетка ми ми беше дејт за вечерта, исто како мене со обврски преку глава и милион проблеми кога се најдовме знаевме дека сакаме да откажеме двете. Ама премолчевме, си реков ништо Ивана срам не срам ќе одиш ваква па ќе си пишеш сама на себе црна цртка за вечерва!
Пораз. Таква каква што бев јас бев во тие 30% на средени жени вечерта. И додека ја чекав публиката која што доцнеше цел половина час ги анализирав една по една како влегуваа. Постарите генерации од мене нагоре, се потрудиле, имаше марами, светли бои, соодветна шминка. Од мене надолу, пораз, комплетен пораз. Миничи, голи грбови, искинати фармерки, блузони и патики. Јас знам дека е као демек слободен свет и демократија и да гардеробата не те прави човек, ама и те како бонтонот те прави дама. Каде и во кој момент исчезна тој бонтон, и кога дозволивме да немаме повеќе никаква причина за да бидеме женствени и скоцкани. Јас се поништив сама себе со тој џемпер и си ветив дека ќе ми е прв и последен пат јавно на настан да се појавам така. Подобро нема да одам отколку да деградирам великани уметници со мојата појава. Кодексот на облекување е задолжително четиво кое итно мора да се врати во основното училиште, за да не се ставаме во ситуации на плава сенка и Розе нокти на шалтер или пак вреќави фармерки и патики во филхармонија!!! Од малите работи започнуваат големите и се додека живееме во заблуда дека се проаѓа и се е за прифаќање, ќе создаваме општество без вредности и без идентитет. Совршена си, ама зошто се плашиш да ја поминеш границата на комфор? Зошто ти е сеедно? Каде е онаа жар заради која секоја жена процветува?
Јас се повлеков со наведната глава, втор пат испад од мене нема да има, ама се надевам ни од ниту една од вас. Посакај го тоа што сакаш да го видиш и почни да се облекуваш за тоа. Ќе видиш како ќе ти се промени целиот свет.