Специјално за Женски магазин, Бомбакис направи Новогодишна видео порака: Елко, елко, си посакувам...

Добивај вести на Viber

Креативноста не познава граници и ја има во секаква форма, дури и на картон. Ама овој наш картон зборува и пренесува пораки од секојдневието, од секојдневните настани, од животот воопшто...

Кристијан Станковски на Инстаграм се потпишува како „Bombakis“. Веќе е многу популарен кај пошироката јавност, па ако сакате од срце да се насмеете, мора да појдете на неговиот профил. Тој на уникатен начен наместо да пишува реферати под фотографиите, едноставно своите кратки креативни мисли ги запишува на картон, ги држи во раката фотографиран на разлини локации и не може, а да не биде забележан.

Испишува секакви пораки поврзани со разноразни нешта кои или се актуелни во моментов или се безвремени, со доза на неговиот интересен хумор.

Често се фотографира и со наши познати личности кои исто така на картон ги споделуваат пораките.

А овој пат, Бомбакис ја прифати нашата идеја да сними Новогодишна видео порака и да си посака и да ни посака нешто. Со зборовите од познатата празнична песна Елко, елко... еве како тоа изгледа: 

View this post on Instagram

A post shared by Женски магазин/Zenski magazin (@zenskimagazin.mk)