Моден фокус // Трендови
Спектакал - сите гледаат и не веруваат: Дизајнери направија фустан на телото на Бела Хадид за помалку од 10 минути (ВИДЕО)
Моден спектакал кој го остави светот во неверување!
Моделари и дизајнери, во живо на модната писта, пред публиката, направија фустан на телото на Бела Хадид за помалку од 10 минути.
Ревијата на брендот Коперни за пролет/лето 2023 година на Париската недела на модата беше полна со вирални моменти, фокусирајќи се на Gen-Z.
За да го заокружи шоуто, супермоделот Бела Хадид носеше само долна облека, пред дизајнерите да ја испрскаат со течност која веднаш се трансформира во фустан.
Ко-основачите на Коперни, работеа со стилистот и научник Манел Торес и неговиот тим во лондонскиот иновативен центар Bioscience во последните шест месеци за да го развијат овој фустан.
Погледнете како изгледаше тоа: