Спиеше со 4.000 жени, ја изневери бремената сопруга, а се смири покрај 44 години помлада дама: Животот на легендата на рок музиката

ик Џегер е еден од најголемите пејачи на рок музиката. Нема личност која не знае барем еден од неговите хитови, но она што отсекогаш ја заинтригира јавноста е неговиот приватен живот

Главниот вокал на легендарните Ролинг Стоунс, Мик Џегер, е еден од најпопуларните пејачи во историјата на музиката, па дури и денес, на 78-годишна возраст, не се предава и настапува ширум светот. Веднаш штом се појави на јавната сцена, беше јасно дека ќе направи одлична кариера.

Џегер е роден во Дартфорд, каде се школувал, а подоцна се запишал на Економскиот факултет, но тој брзо се откажал и ја започнал својата музичка кариера со Ролинг Стоунс.

Токму тој и Кит Ричардс заедно го напишаа огромното мнозинство од хитовите на Стоунс. Освен во музиката, тој се обиде и во актерството, и благодарение на сè што направи, освои бројни награди. Неговите песни соборуваа рекорди на топ-листите ширум светот, а во 1989 година беше примен во Домот на славните во рокенролот. 

Тој често ги заинтригираше медиумите со неговиот приватен живот и девојките кои ги менуваше. Застана пред олтарот само еднаш, а освен што е најдобар музичар, тој е запаметен и како најголемиот рокенрол плејбој, а се вели дека спиел со 4.000 жени.

Од 1966 до 1970 година, тој ја сакаше британската кантавторка Маријан Фејтфул. На крајот од нивната врска, тој се вљубил во американската пејачка Марша Хант, со која ја изневери Маријан. Хант во тоа време беше омажена и исто така го изневери својот сопруг. Хант е исто така мајка на неговата прва ќерка Карис. Токму Марша беше инспирација за песната „Brown Sugar“, која подоцна стана хит на неговиот бенд.

Неколку месеци подоцна, нивната врска се распадна додека таа сè уште беше бремена, а во животот на Џегер се појави Бјанка Перез-Мора Масијас. Двојката се венча во 1971 година во Сен Тропе, Франција, и заедно ја добија ќерката Џејд Џегер. Тие се разведоа во 1977 година, а во меѓувреме тој имаше врска со Плејбој зајачицата Бејби Бијул. Аферата траеше две години, а Џегер и неговата сопруга никогаш не се вратија на стариот пат. 

Мик се сретна со американскиот модел Џери Хал на крајот на 1977 година и тие веднаш се вљубија. Наскоро почнаа да живеат заедно и за време на бурна врска тие имаа четири деца. 

За време на врската со Џери, пејачот имаше афера со Карла Бруни, која подоцна стана прва дама на Франција, и сето тоа траеше три години. Му прости за односот со Карла. Сепак, само откако се појави неговата афера со манекенката Лусијана Гименез Морад, Хал го остави. 

По оваа афера, славниот рокер реши да се смири. Од 2001 година тој беше во врска со модната дизајнерка Лорен Скот, сè до нејзината трагична смрт во 2014 година.

Кога почина, Џегер најде утеха во американската балерина Мелани Хамрик, која го роди нивниот син кога тој имаше 73 години. Тие и денес се во среќна врска.


Покрај осумте деца што ги има со пет различни жени, Џегер има и пет внуци и една правнука.


Фото: Profimedia